Македонија
1. September 2024 - 16:34

Приватните превозници се жалат на притисоци, утре ќе возат само еднаш

Учениците од Скопје кои патуваат со автобуси на приватните транспортери, утре ќе останат без превоз. 10 линии кои се дел од првиот и третиот пакет на превозниците, ќе ја возат само првата тура во 5 часот наутро. По враќање на почетната станица, автобусите ќе одат во гаража.. Тврдат дека ЈСП им должи милионски суми, па одлучиле од утре да ги повлечат од сообраќај автобусите. Решение ќе бараат на состанок со раководството на ЈСП и секретарот на град Скопје. Очекуваат исплата на долгот, но и зголемување на цената за изминат километар. Денеска одбија да говорат јавно за проблемот, сакале да го видат исходот од утрешниот состанок.. Се пожалија на притисоци ама не откриваат кој барал нивните возила да останат на градските улици. Го отфрилија обвинувањето од градоначалничката Арсовска дека одлуката за прекин на линиите е полиитчки мотивирана.

Во меѓувреме, фирмата која има дозвола за шест линии, утре нема да се вклучи во блокадата. Го почитувале договорот со ЈСП, па нивните автобуси утре ќе го сообраќале стандрадниот возен ред.

„Фирмата ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а, 12, 47 и 55“

Раководството на ЈСП и денеска не одговори на прашањата од Сител. Непознато е дали завршило сервисирањето на 30тина автобуси потребни за зимскиот возен ред, и колку возила за него недостасуваат.

Владата пак веќе ја повика градоначалничката да ги исплати парите кон приватните превозници што им ги должи, бидејќи како што велат, така се пополнувала празнината на ЈСП во сообраќајот.