Македонија
1. May 2026 - 16:33

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот

Први Мај и годинава ги собра граѓаните на излетничките места ширум државата. Скара, музика и добро расположение — традиционално, Денот на трудот за многумина е можност за одмор и дружење во природа. 
Дел од граѓаните велат дека најважно им е барем еден ден да се тргнат од секојдневните обврски и да поминат време со семејството и пријателите.

Сител беше и на Водно, каде уште од утринските часови има раздвижена атмосфера. Убавото време и продолжениот викенд се добра можност за кратко бегство од градскиот метеж.

Некои пак, празникот решија да го поминат надвор од државата. 

Дел од туристичките аранжмани за соседна Грција беа целосно исполнети уште пред неколку дена. 

И додека едни слават со скара на планина, а други на плажа, заедничка е желбата барем на еден ден да се заборават обврските и да се ужива во празничната атмосфера. Среќен ден на трудот.