Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
Протестите на Синдикатите и нивните барања за повисоки плати и подобри услови, се традиционални првомајски протести, смета премиерот Мицкоски. Како влада вели го почитуваат правото за протестирање на синдикатите, а со дел од нив се постигнати и договори за подобри права. Како гаранција на работничките права на Денот на трудот најави продлабочување на соработката со институциите, а преку колективните договори во повеќе сектори целосно регулирање на односите.
СДСМ со поддршка на протестот на работниците и борбата за достоинствена плата и човечки услови за живот, обвинува дека владата не презема никаква мерка за заштита на животниот стандард на работниците и граѓаните.
- Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, а поскапувањата на основните производи се неизбежни. Само во последните месеци цената на основната синдикална кошничка се зголеми за 3.500 денари, работниците се со празни фрижидери и празни џебови. Оваа влада не ги брани работниците, таа ги штити само своите тендери, своите профити и своите партиски бизнис интереси, велат од СДСМ.
По обвинувањата од СДСМ, Мицкоски вели дека владата прави се да го помогне стопанството, а работниците да ги задржат своите работни места. Потсети дека во услови на криза субвенционирани беа околу 250 милиони евра како заем за стопанството. Според него потврда за тоа се бројките на статистика дека во последната година и половина дека за 15 илјади се зголемил бројот на вработени.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
