Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува промена на временските услови поради влијание на циклонска активност. Ќе се развива нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата, локално временските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силни налети на ветер и појава на град. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 36 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 33 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за изјавата на Јотова: Не навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век
-

Кос: Мора да се промени начинот на проширување на Европската Унија
-

Одбраната го оспорува градежното вештачење за „Пулс“
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
