Михаил спаси семејство од давење
Тинејџер од Битола спаси семејство од Бугарија во водите на Егејското Море. Мајка, татко и малолетно дете почнале да се дават во водата близу Олимпијада, на третиот крак на Халкидики. Во паника почнале да бараат помош, а 15-годишниот Михаил Николовски без размислување влетал за да помогне.
„Тргнав по жената и ја извлеков неа и ја однесов кај Елена за да знам дека е на сигурно. И одма после тоа тргнав по детето. Го извадив него, тогаш веќе бев изморен, но ја видов мајка ми кадешто го вади и мажот. И јас испливав за да му помогнам на брзина. Ги извадивме од водата, се беше во ред и се се заврши супер на крајот.“, вели Михаил.
Вели дека воопшто не размислувал кој бара помош.
„Се се одвиваше многу брзо, брановите беа многу големи, многу беше страшно. Но јас не размислував на тоа. Ме водеше мислата, само живот да спасам.“, вели Михаил.
Грција е најпопуларната туристичка дестинација за Македонците, но и генерално за поголемиот дел од Балканот. Иако важи за безбедна дестинација, до средината на август грчките служби регистрирале 168 давења во морињата, и тоа годинава бројот на давеници помал за речиси 50 од лани. Најчесто се дават повозрасни луѓе. 80% од жртвите се луѓе на возраст над 60 години.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
