Loading Video...
Свет
25. August 2026 - 17:39

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран

Плановите на САД за нови економски санкции врз Иран и казни за земјите што тргуваат со Иrан се знак на очај, порача раковоството во Техеран, откако американскиот секретар за финансии Бесент вчера ја најави  кампањата Економски отпадник која има за цел да го изолира Иран од глобалната економија и да го принуди на мировен договор.

Министерот за економија Али Маданизадех изјави дека Техеран подготвил двегодишен план за справување со санкциите и смета на поддршката од Пекинг и Моксва.

- Секако, тие сакаат да извршат економски терористички напад врз нас. И ние имаме свои алатки; и ние знаеме како да ја играме играта. Овојпат тие повеќе не треба да мислат дека ние ќе останеме во дефанзива и само ќе се браниме. Треба да очекуваат и напад од наша страна. Како што реков, униполарниот свет заврши, порача Али Маданизадех, министер за економија на Иран.

Кина веднаш остро ја осуди заканата од секундарни санкции, и најави дека ќе ги преземе сите потребни мерки за заштита на своите национални интереси.

- Кина постојано јасно го искажуваше своето цврсто противење на нелегалните еднострани санкции кои немаат основа на меѓународното право и не се овластени од Советот за безбедност на ООН. Економското војување и максималниот притисок не помагаат во решавањето на проблемите. Тие само дополнително ќе ги разгорат конфликтите, ќе предизвикаат прелевање на ризикот, ќе го нарушат глобалниот економски и финансиски поредок и ќе ги нарушат правата и интересите на другите земји. Главен приоритет е деескалација на ситуацијата и враќање на патот на дијалогот и преговорите што е можно поскоро. Кина ќе ги преземе сите потребни мерки за решително да ги заштити своите легитимни права и интереси.

Кина е најголемиот купувач на иранска нафта.