Македонија
25. August 2026 - 12:15
Со нов закон ќе се уредуваат плажите
Со нов закон кој е во финална фаза ќе се уредува крајбрежјето на трите природни езера со кој ќе се решат долгогодишните проблеми со плажите .На овој начин се очекува да се регулира хаосот на плажите, каде што речиси секој сантиметар од брегот е покриен со лежалки и чадори секое лето, и покрај законската обврска 40% од површината да биде бесплатна за користење.
Досега немало посебен закон за крајбрежјата на трите езера, ова ќе биде прв закон. За Охридското Езеро има и препорака од УНЕСКО која целосно ќе биде испочитувана посочи Николоски.
Целта е до крајот на годината да биде завршен законот и со почетокот на сезоната април, мај да се реши деценискиот проблем на плажите .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
