За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
Четворица пациенти меѓу кои и најмладите кај кои беше потврдена западно- нилска треска денеска ја напуштија Инфективна. Седуммина нови сомнителни пак, биле примени на болничко лекување и за нив лекарите ги чекаат лабораториските резултати.
Под медицински третман и надзор се 22 хоспитализирани меѓу кои и тројца кои се во многу тешка состојба кажа министерот за здравство кој денеска беше во посета на клиниката. Клековски вели за дел од болните ќе треба и дополнителна рехабилитација.
-Тројца пациети се во многу сериозна состојба, долго време се на респираторна поддршка, не излегуваат од коматозна состојба. За дел од пациентите ќе треба и н невролошки третман или физиклана терапија по излегуање и искомунициравме со лекарите таму да го организираме тоа час поскоро, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
Од 9 август нема нов случај на западно нилска треска од Драчево кое беше првото жариште на вирусот и со најмногу заразени. Но каков ќе биде текот на епидемијата здравствентие власти велат дека не можат да прогнозираат.
-Фонтаните и застоените води се местата каде најмногу се размножуваат комарците. Нивното исклучување и празнење се дел од емрките за заштита од западно нилска треска.
Општина Кисела вода веќе презеде мерки за празнење на фонтани на неколку локации.
-Одлуката што ја донесовме како општина навистина беше тешка одлука бидејќи сегха имаме горештини, но и посериозен проблем а тоа е справувањето со епидемијата на западно нисла треска на овие простори. Ние како општина каде имаме прогласенои епидемија превентивно делуваме и ги исклучуваме сите места каде нема да може да се размножуваат комарците, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалник на Кисела Вода.
Пет пациенти со западно нилска теска починааа со што земјата е на врвот во Европа по стапката на смртност но и по бројот на заазени на милион жители.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
