Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат

Вон контрола е големиот пожар што избувна околу 14.30 часот јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и поради силниот ветер брзо се прошири, а во кој додека интервенираа во гаснењето загинаа двајца пожарникари, додека пак од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите на осум села за евакуација, а евакуации беа спроведени и по морски пат, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарните сили беа дополнително засилени и вечерва, во гаснењето интервенираат 190 пожарникари со 10 пешадиски тима, 40 возила, а до пред стемнување од воздух се гаснеше со четири хеликоптери и четири авиони.
Од бројот 112 за итни случаи, во изминатите часови беа испратени низа пораки за евакуација на жителите и на оние кои се наоѓаат во неколку населени места во непосредна близина на пожарот.
Од крајбрежната служба на Грција информираа дека спроведуваат акција за укажување помош и евакуација на лица по морски пат од крајбрежното туристичко место Агиос Павлос и биле евакуирани вкупно 29 лица со пловни средства, спасувачки брод и приватни чамци.
Првично биле евакуирани 17, а потоа уште 12 лица, додека пак, во конкретната областа и во состојба на готовност остануваат два патролни брода на крајбрежната служба, еден брод, за спасување и приватни чамци.
Според локалните медиуми од Крит, огнената стихија претставува директна опасност за најмалку четири села, а процените се дека поради силниот ветер, се очекува ноќта да биде тешка.
Претходно, како што објави МИА, двајца пожарникари, на возраст од 25 и 58 години, кои учествуваа во гаснењето на конкретниот пожар загинаа откако со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици.
Паралелно со пожарот јужно од Ретимно, на Крит активен е пожар и во југоисточниот дел на пожарот, а активни се пожари и на островот Лезбос, како и во јужниот дел на Пелопонез во близина на градот Гитио, каде што почина пожарникар за време на извршување должност, меѓутоа смртта не е директно поврзана со огнената стихија.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека за време на интервенција во гаснењето на пожарот кај Гитио, без знаци на живот бил пронајден пожарникар надвор од периметарот на пожарот, со возило на брза помош бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази сочувство до семејствата и колегите на двајцата пожарникари „кои ги загубија животите борејќи се со огнената стихија во Ретимно, како и на пожарникарот кој почина во Гитио“.
– Нашите мисли се со нив, како и со сите пожарникари, волонтери и припадници на безбедносните служби, кои водат битка на огнените фронтови во новата сурова реалност која секоја година се принудени да ја надминуваат, рече Мицотакис.
Сочувство изразија и грчкиот претседател, како и сите политички партии.
МИА
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
