Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
Се заоструваат односите во албанскиот блок во Собранието меѓу опозициските ДУИ и Лигата на Села со владејачката Вреди и собранискиот спикер Гаши. Втор пат во помалку од 10 дена, опозиционерите Албанци преку процедурални забелешки се обидуваат да го блокираат почетокот на собраниските седници, тврдејќи дека Гаши ја прекршува процедурата и користејќи ги итните постапки брзо закажува седници.
По ваквите реакции Гаши повика на вонредна координација, но и таму тензиите продолжиле. Талат Џафери, иако не е ниту координатор, ниту заменик на пратеничката група на ДУИ се појавил во канцеларијата на спикерот, по што паднале навреди и довикувања. Атмосферата се пренесе и во собраниската сала.
Интегративците на Ахмети веќе неколку недели, по седницата за реконструкција на Владата, имаат затегнати односи особено со Гаши. ДУИ веќе подготвила барање за анкетна комисија за наводниот инцидент меѓу Стоиљковиќ и пратениците на ДУИ на оваа седница, но и за тоа зошто спикерот немал реакција на министерот.
Ова се последни работни денови на народните избраници пред годишниот одмор. Утре следува само седницата за пратенички прашања, по што следува колективната пауза на парламентот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
