Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
Три нови случаи на западно-нилска треска потврдени изминатото деноноќие. Сите се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и според лекарите, состојбата им е стабилна. Еден од нив поради димптомите орво бил згрижен на Неврологија, но поради позитивноста на еден од тестовите за вест најл вирусот е префрлен за да биде под надзор на инфектолози. Засега осум заразени има на Инфективна од кои 76 годишниот скопјанец се уште е во критична состојба на одделот за интензивно лекување. Сите се повозрасни пациенти и најголем број од нив заразата ја добиле во земјата.
-„Таму веќе се преземени стандардните мерки, тоа е дезинфекција на подрачјето во радиус од 200 метри околу местото на живеење на потврдените случаи. И ова го работи Центарот за јавно здравје, значи ова веќе не е обврска на општината, ова е обврска на Центарот за јавно здравје Скопје. Ќе видиме спрема препораките и мапирањето на случаите дали ќе треба да се прави дополнително прскање од земја.Така што Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести работат на мапирање на случаите и ќе се преземат дополнителни мерки, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
Според епидемиолозите, заразата што ја пренесува инфициран комарец кај 80 проценти од граѓаните не дава никакви симптоми а околу 20 проценти имаат лесна клиничка слија. Само еден процент може да имаат воспаление на мозокот што предвидува и болничка хоспитализација, како што се и сите регистрирани случаи во земјата овој период.
Кај овие пациенти се прават истражувања со повеќе методи, значи ликвор, секрети и други тестови. Секако веднаш се прават и епидемиолошки анкети, изјави Клековски.
Годинава има еден вид експанзија на вектор преносливи болести во земјата – освен 11-те потврдени случаи на западно нилска треска, има регистрирано и четворица со маларија, тројца со денга и еден кај кој беше потврдена зика и сите поминале со болнички третман.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
