Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство - соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата.
- Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно - да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација - рече Андоновска.
На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени.
- Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се каже, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрагата - рече Клековски додавајќи дека храната како причина отпаѓа.
МИА
Ново на Сител
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
