Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
Силните ветришта кој го затекнаа Скопје не се вообичаена појава за ова поднебје, но нема да бидат изолиран случај, велат експертите во метеорологијата. Според универзитетскиот професор и метеоролог Владо Спиридонов освен климатските промени и самата местоположба на скопската котлина е дополнителен фактор за страшните слики на кои сведочеа скопјани.
Ветерот бил со јачина споредлива со налетите што се јавуваат при урагански ветрови, вели Спиридонов.. Радарски снимки покажале дека облаците се издигнале на височина од дури 16 до 17 километри што значи дека во атмосферата имало исклучително силни струења кои предизвикале екстремен ветер и пороен дожд.
Спридинов вели дека чудните облаци низ Скопје кои се појавија непосредно пред невремето биле сигнал за тоа што се случуваше. Граѓаните и на социјалните мрежи споделуваа фотографи без да знаат што навестуваат. Според експертите Македонија мора да усоврши систем кој навреме ќе ги предупредува граѓаните дека се ближи бура.
Алармот за се почестите климатски промени бил вклучен уште во април годинава на последниот состанок на Советот за безбедност, кога заклучокот бил дека мора сериозно да се следат промените кои се случуваат.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
