Македонија
21. July 2026 - 16:42

Силно невреме го погоди Делчево

Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер вчера попладнето го зафати Делчево, оставајќи зад себе низа оштетувања и прекини во електроснабдувањето. Од околу 19 часот градот остана без електрична енергија, откако невремето предизвика дефект на далноводот во близина на Турските гробишта. Граѓаните пријавија и падната електрична бандера, а екипите излегоа на терен за отстранување на последиците. Најсериозен инцидент беше регистриран во централното градско подрачје, каде од станбена зграда на кејот на реката Брегалница силниот ветер откорна дел од лимен покрив. За среќа, во инцидентот немаше повредени.

  • Се се случи за 10 минути. Јас бев овде под терасата, кога пукна соларното, го откорна плехот и гледајте каде гооднесе.
  • Град не знам дали имаше, ама беше многу лошо невреме.

Проблеми имаше и на повеќе улици, кои по обилните врнежи се претворија во водени површини. Жителите од различни делови на градот пријавуваа откриени покриви, поплавени дворови и објекти.

Надлежните во следните денови ќе ги утврдуваат размерите на материјалната штета. Засега, проценките се дека невремето оставило значителни последици врз домаќинствата и инфраструктурата во Делчево.