Македонија
21. July 2026 - 16:41

Тензии поради Законот за високо образование

Тензии во Собранието поради Законот за високо образование. Европскиот фронт се обидува да го блокира неговото носење. Пратеникот Сали Мурати на процедарелен говор на Комисија, наместо 3, говореше цели 45 минути. Имаше голем број критики на процедурата која се води во Собранието бидејќи, тврди дека не бил испочитуван Деловникот за закажување на Комисија пет дена претходно, туку вели дека тоа било направено од денес за утре.

Поради неможноста да го прекине, претседателката на Комисијата за образование Иванка Василевска повика пауза, по што следуваше караница со нејзините колеги од Европскиот фронт.

Иако Комисијата почна уште вчера, заменик-министерот за образование дури денеска го образложи законот.

Опозициската СДСМ вели дека со овој закон на удар е автономијата на универзитетите

За ДУИ, пак, повеќе прашања се спорни и се косат со Уставот.

Законот за високо образование предизвикува реакции уште од самата негова најава. По негативните коментари на почетокот. По јавните дебати, предлогот претрпе измени и доби поддршка од академската фела.