Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола

Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Под контрола е ставен пожарот во Општина Делчево кај Депонија Делчево, каде гореше депонија.
Како што информира ЦУК, изгаснати се пет пожари во Општина Струга кај с. Долна Белица каде гореше дива депонија, во Општина Босилово кај с. Моноспитово - гореше ниска вегетација, во Општина Валандово кај с. Севенендекли - гореше мешана шума, во Општина Гевгелија помеѓу селата Селемли и Стојаково - дива депонија и во Општина Гази Баба покрај пругата во Маџари, каде гореше ниска вегетација.
МИА
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
