Македонија
22. September 2026 - 21:23

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување

Потребни се промени во начинот на одредување на боледувањата за да се запрат злоупотребите но и да се воведе поголема контрола на системот – Здружението на приватни лекари со поддршка за најавеното намалување на боледувањата од Фондот за здравствено осигурување од седум на пет дена. Претседателката Лилија Чолакова вели дека мора да биде јасно дека боледувањата се даваат само ако сте болни а не за задоволување на желби и потреба од патување. 

Досега според Правилникот на Фондот , матичниот лекар може да дозволи 7-дневно боледување врз основа на прегледот без да направи никакви испитувања. Според Чолакова позитивното во овие измени не е само контролата и намалување на притисоците врз матичните лекари, туку и обрската пациентите веќе на 5от ден да направат анализи за проверка на состојбата

Освен намалувањето на бројот на денови за боледување, предвидени се и контроли со кои ќе се проверува дали лицата што користат боледување се наоѓаат дома.
Според статистиката на Фондот, годинава бројот на краткотрајните боледувања е зголемен за околу 33 отсто.