Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
Со гордост ја претставуваме Македонија на местото не кое се носат важни одлуки за светот, напиша Премиерот на сооцијалните мрежи објавувајќи за своето присуство на отворањето на 81то Генерално Собрание на Обединетите нации. Според актуелната агенда, Мицкоски треба да има свое обраќање на општата расправа во петок во попладневните часови по македонско време.
Вчера во Њујорк, премиерот учествуваше на самитот Конкордија од каде порача дека Македонија останува посветена на европската агенда и покрај тоа што со години е жртва на булинг во Европа.
Вчера Мицкоски имаше и офицјална средба со заменик државниот секретар на САД, Критофер Ландау, откако претходно оствари и разговор со Државниот секретар Марко Рубио. Присуството во Њујрок, Мицкоски го искористи и за средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД. На настанот конспонзориран од македонски иселеник се разговарало за потенцијални инвестиции и долгорочни партнерства
Опозицискиот лидер вели дека од посетата на Премиерот на САД не видел ништо конкретно
Филипче рече дека Владата не е посветена на интеграциите коментирајќи дека е неопходно да се внесат Бугарите во Уставот а евентуалните нивни идни блокади да се избегнуваат со како што рече, уметноста на политиката.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
