Македонија
22. September 2026 - 16:30

Вработените се жалат од претседателката на кумановскиот суд: Обвинуваат за мобинг, најавуваат штрајк

Вработените во судската администрација од кумановскиот суд се жалат на мобинг од претседателката Снежана Манев.. Обвинуваат дека таа секојдневно ги навредувала по верска и национална основа, а кон нив упатувала и пцовки.. За состојбата, административците од судот во Куманово го информирале Судскиот совет и Министерството за правда, а денеска својот револт го изразија и пред судската зграда за време на паузата.. Од синдикатот се заканија со штрајк ако надлежните не го преиспитаат постапувањето на претседателката на судот..

Претседателката ги демантира наводите на вработените.. Во писмено соопштение таа наведува дека протестот го иницирале тројца кои заради одбивање на работни задачи им биле изречени казни.. 

„Сите вработени во судот мора да бидат целосно посветени и максимално ангажирани при извршување на своите работни задачи. Јас како судија и претседател на судот, не прифаќам ништо помалку, ниту правам компромиси, точка“, пишува Снежана Манев во соопштението..

Таа додава дека заради континуирано намалување на бројот на вработени, се правела реорганизација на постојниот кадар и поголемо ангажирање, но дел ги одбивале задачите.. Според неа, имало и непланско користење на годишните одмори и неоправдани отсуства, заради што до неа пристигнувале и поплаки од странките..