Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
За 118 денари се зголемиле јулските плати во однос на јуни. Статистиката објави дека просечната нето плата изнесува околу 48,500 денари. Најплатени и натаму се програмерите, кои во просек месечно земаат по 1,500 евра,. Ако се споредат платите од почетокот на годината, некаде од април трендот на пораст почна да забавува, поради глобалната неизвеснот.
И стануваат стабилни. Е сега, од аспект на трошоци на работодавачи, не очекувам дека ќе сакаат, односно ќе можат да ги зголемат платите, затоа што ги притискаат ценовните шокови, постојаниот пораст на цените и немаат простор за тоа. Но од друга страна, цените притсикаат и на платите и работниците бараат зголемување, за да можат барем да го задржат квалитетот на живот, односно животниот стандард, изјави Павле Гацов, даночен експерт
Бруто трошокот по вработен газдите во просек ги чини 12,800 евра годишно. Најмногу, над 23. 640 евра чинат издадоците за програмерите, покажуваат статисткичките бројки за трошоците на работодавачите по вработен за 2024 та година. Во просек, издатокот за еден час изнесува 450 денари. Покрај плата, влегуваат и надоместоци за регрес за годишен одмор и придонесите кои се плаќаат кон државата. Ако се споредат со соседните земји - персоналниот данок е речиси кај сите ист – 10%, додека социјалните придонеси – за понзиско и здравствено одигурување, кај нас се меѓу најниските. Но паѓаат на товар на работникот, односно влегуваат во неговата бруто плата и затоа даночните експерти предлагаат реформа во овој сегмент.
Кај нас социјалните придонеси се 28%, во Србија се 36%, но паѓаат на товар на работодавачот, во Албанија се 27,5, Хрватска 36,8% , во Босна и Херцеговина скоро 40%. Се уште можеме да кажеме дека јавните приходи што се собират од придонеси се ниски и тука може да се прави реформа, односно да паѓаат на товар на работодавачот, а тоа значи на товар на профитот. ,додава Гацов
Инаку, годишниот раст на платите, според статистиката, изнесува нешто над 7 отсто, додека реалниот, кога ќе се одземе инфлацијата е 3,5 %.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
