Бизнис
21. September 2026 - 16:37

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

Од полноќ дизелот паскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за денар и пол.  Цените се со намалени акцизи од 4 денари кај сите горива и повлестаната стапка на ДДВ кај  дизлеот од 18 на 10 отсто. . Со одлуката на Регулаторната Комисија,  новата цена на дизелот ќе изнесува 104,5 денари за литар.  Од Владата велат дека  ја следат ситуацијата. Ако растот на цените продолжи - ќе се преземат и други мерки

-Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму. Ние секако сме за заштита на стандардот на граѓаните, меѓутоа ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации врз буџетот. Ќе знаеме наскоро, истакна Божиновска на прес-конференција.

Повластената стапка на ДДВ кај дизелот истекува на 28 септември, следниот понеделник. Но не се исклучува можноста за повторно активирање, како и продолжување на преговорите со ОКТА за евентуален попуст на литар гориво.

Цените на горивата уриваат рекорди и во Европската унија. Од почетокот  на годината дизелот се продава во просек поскапо за 40 отсто, додека  бензините  - за 29 %. Овие цени се највисоки во изминатите 20 години, откако се следи движењето на цените.

Според податоците на Евроспката комисија, полнењето резероар од 50 литри со бензин сега во просек чини 103 евра, додека со дизел -108 евра.  Инаку, денеска на светските берзи  цените на нафтата паднаа , отако се зголемија  надежите дека на Генералното собрание на ОН може да дојде до  деескалација на воаанта со Иран.  Брентот поевтини за скоро 3%, а америаканската надта се спуши под 100 долари заа барел.