Македонија
2. May 2026 - 13:22

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево

Дваесет и четиригодишно момче од кичевскиот регион било лишено од слобода денеска во 00:10 часот, откако во полиција било пријавено дека со нож се нападнати две лица.

Од Министерството за внатрешни работи попладнево соопштија дека момчето пред угостителски објект, лоциран на улицата „Рудничка“ во Кичево, со нож ги нападнало Н.Ш.(20) и Д.Ш., двајцата од Кичево, по што се оддалечило од местото.

- По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава - се додава во соопштението. 

 

МИА