Македонија
3. May 2026 - 13:55

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди

На 02.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:50 часот, на регионален пат село Извор -  Општина Чашка, во близина на место викано „Врановски Анови“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ.(57) од Велес. Р.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес, по што бил препратен на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.