Преглед на вестите од светот
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повтори повикот за повторно отворање на Ормутскиот теснец и дијалог меѓу завојуваните страни, предупредувајќи дека ако прекинот предизвикан од затворањето продолжи до средината на годината, глобалниот раст ќе падне на 2,5 проценти, а инфлацијата ќе се зголеми на 5,4 проценти.
„Мојата порака до сите страни е јасна: Правата и слободите за навигација мора веднаш да се обноват, во согласност со Резолуцијата 2817 на Советот за безбедност. Отворете го теснецот. Пуштете ги сите бродови да поминат. Дозволете глобалната економија повторно да дише.“
„Кризата на Блискиот Исток влегува во третиот месец. И покрај кревкото прекинување на огнот, последиците драматично се влошуваат со секој изминат час. Длабоко сум загрижен за ограничувањето на правата и слободите за навигација во областа на Ормутскиот теснец. Отежнување на испораката на нафта, гас, ѓубрива и други критични стоки. Нарушување на пазарите на енергија, транспорт, производство и храна. И задушување на глобалната економија.“
„Сега е време за дијалог. За решенија што ќе нè извлечат од работ на пропаст. И за мерки што можат да отворат пат кон мир. Светот чека. И ви благодарам.“
Теснецот е клучен пат за глобалните резерви на ѓубрива, а Гутереш предупреди дека тие ќе се намалат и уште 32 милиони луѓе ќе бидат турнати во сиромаштија, а уште 45 милиони луѓе ќе се соочат со екстремен глад.
Шефот на иранската делегација во преговорите за примирје и воспоставување прекин на огнот со САД, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека Иран, преку воспоставување контрола над Ормуската Теснина, ќе обезбеди иднина без присуство и мешање на САД, повикувајќи се на историскиот наратив за протерувањето на европските колонизатори од Персискиот Залив во 1622 година.
- Во 1622 година, по 115 години окупација, ги протеравме европските колонизатори од Персискиот Залив и во знак на сеќавање на таа победа го одбележуваме Денот на Персискиот Залив.
Повеќе стотици бродови и околу 20.000 морнари останаа во Заливот, чекајќи да се смири ситуацијата и да се проценат безбедносните ризици
Инаку, Иран е подготвен за разговори со САД, но само под услов Вашингтон да го промени своето однесување, е пораката што иранскиот министер за надворешни работи ја испрати Абас Арагчи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закони одобрени од Врховната рада за продолжување на воената состојба и општата мобилизација за три месеци. Украинскиот парламент ги поддржа двата закони на 28 април. Времетраењето на воената состојба и општата мобилизација во Украина сега е официјално продолжено до 2 август 2026 година. Ова е дванаесетто продолжување на воената состојба и мобилизацијата.
Вршителката на косовската претседателка, Албулена Хаџиу, распиша предвремени избори за 7 јуни, трети за нешто повеќе од една година, откако парламентот не успеа да избере нов шеф на државата.
„Ова не е она што го сакаа граѓаните, бидејќи граѓаните очекуваат од нас да се обединиме кога станува збор за интересите на земјата. Тие очекуваат стабилни институции, а не спротивното. Одложуваме многу реформи без никаква причина. Имаме многу работа пред нас и немаме луксуз да губиме време.“
Пратениците имаа рок до полноќ во вторник да изберат претседател откако мандатот на Вјоса Османи заврши претходно овој месец, но премиерот Албин Курти не можеше да обезбеди поддршка од опозицијата за својот кандидат.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
