Перез: Триесет титули во последните 15 години, оваа ера на Реал засекогаш ќе се памети

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за успехот на клубот во последните години.
-Треба да бидеме горди на она што овој клуб го постигна во последните 15 сезони. Триесет титули. Но, веќе знаеме колку се високи барањата. Минатата сезона се боревме до самиот крај во секое натпреварување. Беше тешко; поради сериозни повреди, не можевме да сметаме на Карвахал и Милитао речиси цела сезона. Себаљос, Камавинга и Менди поголемиот дел од неа. Нешто слично се случи минатата сезона со пет кинења на вкрстените лигаменти. И, најсериозно, со сè потежок распоред. Одигравме 68 натпревари, а оние што играа за своите национални тимови играа над 80. Беше вистински кошмар. Мора да продолжиме да градиме врз историјата на клубот. Оваа ера засекогаш ќе остане во сеќавањето на навивачите на Реал Мадрид, изјави Перез.
Реал моментално е на врвот во шпанската Ла Лига и во првата осумка во Лигата на шампионите по четири одиграни рунди.
МИА
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
