Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
20 милиони евра од Владата за Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година. Веќе е распишан тендер и за првите проекти, а надлежните го подготвуваат теренот преку инфрастурктурни интервенции на Кале, Аквадукт, Старата скопска чаршија и Универзална. Темелно се чистат и трансформираат и објектите каде ќе се одржуваат дел од програмите – како Кејот на Вардар и националните установи.
Прогнозите се дека токму оваа титула ќе привлече 8 милиони туристи во метрополата. Досегашното искуство покажало дека посетеноста на градовите кои ја носеле оваа титула се зголемила за 40%.
„Во 2010-тата година Есен (Германија), од индустриски град се претвори во културен хаб. Во 2016-тата Вроцлав (Полска) забележа поттикнување на локалните забавни компании и нови уметнички проекти. Други општествени достигнувања се прикажани со следниот наод од истражувачи: зголемување од 1% во културната потрошувачка доведува до намалување од 20% на злосторството од омраза. Ова е значајно, каде и да цвета разновидна културна сцена, популистите и екстремистите се лишени од услови за развој“, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.
На денешната конференција градоначалници, европски партнери и експерти ги утврдуваа првите чекори од стратегијата која треба да го истресира патот на сите засегнати навремено да бидат подготвени за активностите кои ќе ги има преку текот на цела 2028 година.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
