Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
За 20 до 30 евра по лице се очекува да поскапи цената на авиобилетите за летната сезона по се поизвесната криза со авионското гориво. Европските тур оператори алармираат дека покачувањето на цената на дериватите и кризата со керозинот ќе го зголеми и бројот на откажани авиолетови и резервации за летување.
Македонските агенции смируваат дека потврдените чартер летови ќе се реализираат, а покачувањето на цените на билетите навремено ќе го најават. Дополнителни проблеми прави имплементацијата на ЕЕС ситемот кој поради долгото време за проверките ги одложува летовите и по неколку часа.
Националната агенција за дојдовен туризам вели дека добива лоши вести од европските партнери по алармот за немање на авионско гориво, кое ќе го намали бројот на патници кои треба да допатуваат во Македонија.
Од друга страна пак државата тврди дека е подготвена за предизвиците кои ги носи кризата.
Состојбата со керозинот будно се следи од Европската Унијата, а се разгледува и можна набавка од САД на авионското гориво. Недостигот и зголемените цени веќе ја принудиле Германската „Луфтханза“ да укине 20.000 европски летови во текот на летото.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
