Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
Со површина од 47 000 м2 и над 400 современи станбени единици, Футура 2 поставува нови стандарди во урбаното живеење. Лоциран на само пет минути од центарот на Скопје комплексот нуди совршен баланс меѓу естетиката, практичноста и заедницата, со соптвено плато, содржини за сите генерации и деловни простории. Зад овој истакнат проект стои Елена Лука, жена лидер која веќе 37 години успешно ја гради својата кариера во градежништвото со 100 сопствен капитал.
- Реално секогаш пред да бирате да купите стан, најпрвин добро информирајте се за инвеститотрот, затоа што станот ќе го гледате секој ден меѓутоа довербата ја чувствувате со години, довербата кон оној на којшто ќе му доделите да го изработи проектот. Одличен модерен урбанистички проект којшто има сериозна функција, размислувано е во сите правци а воедно е лоциран на одлична локација со одлична фреквенција. Сите оние кои инвестираат во овој деловен простор имаат загарантиран успех за бизнисот.
Посветеноста кон сите детали од архитектонскиот концепт до сигурноста, гарантира дека овој објект не е само моментален тренд, туку трајна инвестиција која ќе ја задржи и зголемува својата вредност за идните генерации.
- Овој објект и денеска и после 50 години ќе го има истиот квалитет во смисла на модерна архитектура, одлична фасада, изглед и естетика. Меѓутоа и функција- на луѓето и денес и по 50 години ќе им биде пријатно живеењето овде. Ова е инвестиција која секогаш ќе има голема вредност, ова се дела коишто траат.
Со концерт и сечење на лентата свечено им беа врачени клучевите на сопствениците, Футура 2 официјално стана нов дом за стотици семејства. Квалитетот на материјалите и градењето со долгорочна вредност се главниот потпис на брендот ELENA LUKA HOME. Но визијата за развој не застанува тука. По успешното предавање на Футура 2 ELENA LUKA HOME веќе најавува нови големи инвестициски циклуси кои дополнително ќе го разубавуваат главниот град.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
