Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
340 милиони денари. Ова е вкупната сума потрошена за серијата настани и манифестации, вклучувајќи го и концертот на Дејвид Гета, за 35-роденден на Македонија. 300 милиони денари од буџетот на Државна лотарија, 40 милиони денари донации од други компании.
Владината портпаролка рече дека овие средства не се буџетски пари, туку од нераспределена добивка на Лотарија за 2024 година, компанија во целосна сопственост на државата.
Сите пари се легнати на сметката на Аволон, продукцијата задолжена да ги организира музичките карвани и концерти за независна Македонија. Тие се единствените кои дале понуда на јавниот повик на Лотарија кој траел пет дена. Колку заработил Дејвид Гета и останатите музички артисти ќе дознаеме следниот месец, кога продукцијата на Државна лотарија ќе и достави финансиски извештај за каде се потрошени парите.
По концертот на Дејвид Гета прославата по повод 35 години независна Македонија ќе се заокружи со настан во Тетово на 15ти септември.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
