Дејан Јованов излегува од притвор на 3 октомври, судот ќе му определи мерки на претпазливост
Дејан Јованов Деко го одбројува времето до излегување од притвор. Неговата одбрана вели дека судот е должен да го пушти да се брани на слобода бидејќи такви се законските процедури, кои предвидуваат дека може да остане во притворското одделение најмногу едена година од поднесенто обвинение, рок кој истекува на 3 октомври.
Родителите на загинатите деца стравуваат дека бавноста на судскиот процес може да создаде шанса обвинетите да станат недостапни за органите на прогонот.
Судот веќе потврди дека Јованов на на почетокот на октомври ќе го напушти притворското одделение во затворот Куманово. Со оглед на тоа што пресудата се уште не е донесена, Судот е должен да го пушти на слобода, но со мерки на претпазливост со кои ќе ја чека пресудата каде е првообвинет за смртта на 63 лица.
Мерката притвор, определена против прво обвинетиот Дејан Јованов, од страна на кривичниот совет е продолжена до 03.10.2026 година, имајќи предвид дека Обвинителниот акт е оценет на 03.10.2025 година и согласно Законските одредби мерката притвор може да трае до најмногу една година од оцената на актот.
Со цел да се обезбеди непречено присуство во понатамошниот дел од судската постапка, Судот, согласно досегашната пракса, по службена должност, по истекот на Законскиот рок за мерката притвор, определува дополнителни мерки за претпазливост и обезбедување на обвинетиот.
На братот на Дејан Јованов, мерката куќен притвор му е заменета со мерки на претпазливост со гаранција од нешто над 300.000 евра, а истото и за обвинетиот Беким Хаџиу со гаранција од околу 850.000 евра.
Изминативе месеци судот им ги укинал куќните притвори на Јане Јанчевски, Митко Стојанов, Мартин Ѓорѓиев, Стојанчо Димитриев откако прифатил гаранции и ги заменил со мерки на претпазливост. Според Кривичниот суд тие редовно се јавуваат на судските рочишта и ги почитуваат мерките.
Во моментов Дејан Јованов е единствениот од обвинетите во предметот Пулс кој се наоѓа во ефективен притвор.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
