Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција

Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, кој го координира овој проект во соработка со Министерството за дигитална трансформација.
„Везилка“ е воспоставена во рамките на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и кофинансирана од Европската Унија преку програмата „Хоризонт Европа“ (Horizon Europe).
Како што соопштија организаторите на настанот, преку стратешко партнерство со фабриката за вештачка интелигенција „Pharos“ во Грција, „Везилка“ ја вклучува Северна Македонија во европскиот екосистем за вештачка интелигенција и придонесува кон европската визија за доверлива, иновативна и вештачка интелигенција со човекот во центарот.
-Во време кога вештачката интелигенција ги преобликува економиите, јавните услуги и општествата ширум светот, застапеноста на помалите јазици и локалните знаења стана стратешки приоритет. „Везилка“ одговара на овој предизвик преку развој на збирки податоци на македонски јазик, отворени ресурси и одговорни практики за вештачка интелигенција кои поддржуваат иновации и ги одразуваат националните вредности. Оваа иницијатива претставува важен чекор кон зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Исто така, има цел да ја зајакне соработката меѓу јавните институции, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница, се наведува во соопштението.
Како што е најавено, на официјалното претставување на „Везилка“ поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Биљана Ангелова, деканот на ФИНКИ, Петре Ламески, и раководителот на проектот, Димитар Трајанов.
По презентацијата на визијата, целите и очекуваното влијание од проектот „Везилка“ ќе следува и панел-дискусија на тема „Вештачката интелигенција како мотор за економски развој“.
МИА
Ново на Сител
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
