Тешка сообраќајка со 10 повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патниот правец Свети Николе – Куманово, при што со повредени се здобиле 10 лица, потврдија од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе. Несреќата се случила нешто околу 21.00 часот, по што на местото на настанот веднаш било упатено противпожарно возило со спасувачки тим.
Ситуацијата била толку критична што пожарникарите морале да изведат брза спасувачка акција за да ги извлечат повредените кои биле заробени во смачканите возила. По драматичното извлекување и укажаната прва помош на терен, жртвите во тешка состојба биле предадени на екипите на Итната медицинска помош и итно транспортирани во штипска клиничка. Од болницата информираат дека се примени 10 лица.
Осум од нив се хоспитализрани на одделот за хирургија, додека две се пренесени во Комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. Дел од повредените се полесно, а дел потешко повредени. Причината за сообрачајната несреќа дополнително се утврдува.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
