Loading Video...
Свет
20. јуни 2026 - 16:25

Преглед на вестите од светот

Израел и Хезболах ги продоллжуваат вооружени судири и покрај  продолженото примирјето.

 Нема прекин на огнот. Не постои такво нешто. Сите прекини на огнот што постоеја беа само на зборови. Во пракса, тоа не се спроведува.“

Според податоците на либанските власти  најмалку 23 лица се убиени во утринските  изарелски воздушни напади во Јужен Либан.

„Имаше воздушен напад утрово врз оваа куќа, таа беше цел на израелски воени авиони во 8:30 часот. Внатре спиеја луѓе, деца, жена, нејзините две деца и нејзиниот сопруг, и млад цивил. Сите беа цивили, мирно спиеја во својот дом. Вчера требаше да биде прекин на огнот од израелскиот непријател.“

 Израелската армија  соопшти  дека   гаѓала цели на Хезболах откако групата испалила над 50 проектили  кон изралеските сили во јужен Либан. Од друга страна, милитантната група Хезболах објави дека реагирала на напредувањето на израелските трупи.  Во соопштениетот се  додава дека Хезболах останува посветен на примирјето, но ќе се спротивстави на секој обид за заземање дополнителна територија.  Официјален Вашингтотн   упати критики за продолжувањето на израелските воени операции во Либан.. Белата куќа соопшти дека овие дејствија ризикуваат да го пропаднат мировниот договор помеѓу САД и Иран, кој вклучува обврска за прекин на борбите на „сите фронтови“, вклучително и Либан.  Според најавите од Белата кука,  викендов треба да се одржи  нова рунда  американско иранскит разговори  во Швајцарија  Средбата се смета за важен чекор кон стабилизирање на пошироката безбедносна ситуација на Блискиот Исток.

 Американскиот претседател  Трамп го претстави новиот претседателски авион, „Боинг 747 “ подарок  од Катар, вреден 400 милиони долари. . Авионот, кој претходно го користело катарското кралско семејство, во изминатите месеци бил преуредуван за потребите на американскиот претседател.  Вградени се посебни комуникациски, безбедносни и одбранбени системи а по желба на ТРАМП  авионот е обоен  во црвена, бела, темносина и златна боја, со американското знаме на опашката. Дизајнот значително се разликува од традиционалната светлосина шема што ја користеа американските претседателски авиони со децении.  Трамп го опиша како најлуксузниот авион во светот и како нов симбол на американското претседателство.

  • Нашите авиони се стари. Ова е многу уникатно. Ова се смета за најлуксузен авион во светот.

  • . Но, она што ќе го направиме е да ве однесеме само на кратка тура. Печатот всушност е, ох, погледнете ги, тие всушност се смешкаат. Дали се смеете? Изработката на овој авион е таква што кога ќе го видите, всушност нема да верувате. Квалитетот на дрвото, квалитетот на материјалите, квалитетот на моторите, овие мотори се најдобри, тие се најдобри во светот. Ништо слично на него. Затоа е навистина чест. И сакам да му се заблагодарам на емирот на Катар. Тој е фантастичен човек.

 Новиот авион треба да биде привремено решение додека компанијата „Боинг“ не ги заврши двата нови претседателски авиона, чија испорака повеќепати беше одложувана и сега се очекува во 2028 година. Трамп го прифати авионот како подарок од Катар во мај 2025 година,