Преглед на вестите од светот
Грција 4ти ден се бори со пожарите кои се надвор од контрола. Големиот шумски пожар западно од Атина се приближува до Мегара, град со околу 30.000 жители кој пожарникарите се обидуваат да го спасат.
Властите издадоа нови наредби за евакуација во делови од Западна Атика, додека 500 пожарникари поддржани од авиони и хеликоптери се обидуваат да направат противпожарни појаси.
Пожарите пропратени со силен ветер уништија повеќе од 100 куќи и илјадници хектари шума и земјоделско земјиште, а 100тици лица се евакуирани од кризните жаришта. Во борба со огнената стихија досега загинаа пет пожарникари, а натаму трае и истрагата за вчерашниот судар на два противпожарни хеликоптери во кој загинаа две лица.
САД и Иран почнуваат нови преговори, тврди американскиот претседател. Без да соопшти детали за терминот и форматот во кој ќе се одржи новата рунда мировни разговори, Трамп уште еднаш потврди дека САД засега се откажале од нови обемни воздушни напади врз Иран.
Техеран пак ги негира ваквите тврдења. Од иранското Министерство за надворешни работи велат дека преговори за Ормутскиот теснец има, но не со САД
Моментално немаме преговори со Америка. Преговорите се водат со Оман и се фокусирани на постигнување разбирање за патот за обезбедување на безбедноста на бродскиот премин низ Ормутскиот теснец, вели Есмаеил Багаеи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран
Стотици мигранти кампуваат на плажа во шпанската северноафриканска енклава Сеута, додека властите се соочуваат со последиците од масовниот бран мигранти што ја преминаа границата минатата недела.
Прифатниот центар за мигранти е преполн, а многумина остануваат на отворено, со ограничен пристап до храна и вода. Дел од нив велат дека жителите им носат храна, но дека таа не е доволна за сите.
Според шпанските власти, во изминатите четири дена близу 70 000 мигранти биле вратени во Мароко, што е повеќе од првичните проценки за околу 50.000 лица кои пристигнале во Сеута во четвртокот. Официјално, на шпанската страна од границата загинале 72 лица, а на мароканската 11.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
