Loading Video...
Свет
19. September 2026 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд постигнаа договор со кој САД ќе развијат значително воено присуство на Гренланд, а на американските противници ќе им биде забрането да градат сопствени бази на островот

„По моја наредба, работевме со претставници на Данска и Гренланд за да гарантираме дека Соединетите Американски Држави ЗАСЕКОГАШ ќе имаат целосна можност да го направат она што е неопходно на Гренланд за да ја обезбедат и заштитат безбедноста на Гренланд и на Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа. 

САД и досега имаат речиси целосни права за прелети и користење воени бази на Гренланд врз основа на договор од 1951 година.

Од кабинетот на данската премиерка соопштија дека договорот ќе ја зајакне безбедноста во Северниот Атлантик и Арктикот, а слична порака дојде и од кабинетот на премиерот на Гренланд. 

Некои европски држави отворено се подготвуваат за војна со Русија, изјави рускиот претседател по состанокот со државни функционери на кој се разговарало за нов државен проект за вооружување на руската армија

Изјавата доаѓа во екот на парламентарните избори во Русија, за кои Путин претходно рече дека ќе покажат дека милиони граѓани ја поддржуваат руската армија во војната во Украина.

Со повикот „Бурето е отворено“ и официјално почна новото издание на најпопуларниот фестивал на пивото во светот, минхенскиот Октоберфест. Првата кригла ја наточи градоначалникот на Минхен.

Октоберфест годинава ќе трае до 4 октомври. На простор од речиси 35 хектари 478 угостители најавуваат 16 дена музика, традиционална баварска храна, атракции и милиони посетители

Литар пиво годинава ќе се продава меѓу 15 и 16 евра, а организаторите очекуваат да се испијат меѓу 6 и 7 милиони литри.