Преглед на вестите од светот
Претседателот на Украина, Зеленски, ги обвини партнерите на Киев дека доцнењето во испораките на противракетни системи директно придонело за големиот број жртви во вчерашниот руски напад врз главниот град. Истакна дека Русија лансирала 24 балистички ракети а украинската воздушна одбрана не успеала да пресретне ниту една. Во нападот загинале 15 цивили а над 50 се повредени.
Според украинскиот претседател, во првата половина од 2026 година испораките на ракети за противвоздушна одбрана од сојузниците паднале на една третина од нивото во 2025 година предупреди дека Москва се подготвува значително да го зголеми производството на балистички ракети пред зимскиот период, кога се очекува нов бран напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Руското министесртвото за одбрана денеска информираше дека мети на вчерашиот напад врз Киев биле воени објекти. Извести и дека Украина рано утрово со дронови ги нападнала рафинериите Славнефт Јанос во Јарослав и Башнефт – Новил во Башкортостан.
На денешен ден, 6 авгсут во 1945 година, Соединетите држави ја фрлија првата атомска бомба во светот, врз јапоснкиот град Хирошима, при што експлизијата веднаш уби меѓу 70 000 и 80 000 луѓе а уште 70 000 починаа до крајот на годината од поледиците од радијацијата. Со едноминутен молк и комеморативна церемонија во Меморијалниот парк на мирот, Хирошима ја одбележа 81 годишнината од атомскиот напад при што беа испратни силни пораки против нуклераното оружје и повик за зачувавање на глобалниот мир.
-Уништувањето предизвикано од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки и неописливото страдање што го претрпеа толку многу луѓе, никогаш повеќе не смеат да се повторат. Јапонија цврсто ги почитува „Трите ненуклеарни принципи“ и како единствена нација што претрпела атомски бомбардирања во војна, таа ја носи одговорноста неуморно да се стреми кон реализација на свет без нуклеарно оружје, изјави Санае Такачи, премиерка на Јапонија.
Градоначалникот на Хирошима ги критикуваше политичките лидери за поткопување на Договорот за неширење на науклеарното оружје и оправдување на политика на нуклеарно одвраќање.
-Зборовите и постапките на политичките лидери претставуваат непочитување на обврските утврдени во НПТ, поткопувајќи ги самите темели на меѓународниот мир и стабилност. Ако ова продолжи, спирала на недоверба ќе се прошири низ целиот свет, ризикувајќи враќање во ерата на Втората светска војна, кога на голата амбиција ѝ беше дозволено да преовлада.“
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
