Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск

Полскиот премиер Доналд Туск, во екот на војната за ордени меѓу полскиот претседател Карол Навроцки и украинскиот Володимир Зеленски, денеска изјави дека можеби е подобро што Зеленски го откажа доаѓањето на големата конференција за обновата на Украина, утре, во Гдањск, бидејќи со тоа ќе се смират вжештените страсти.
-Утре ќе биде можност да се кажат неколку остри зборови за политичарите кои реагираат несоодветно на различните толкувања на нашата болна историја. Имам чувство дека одлуката на Зеленски да не дојде, за која премиерот на Украина се консултираше со мене, може да придонесе за тоа конференцијата да биде поконкретна, без вжештени страсти, рече Туск денеска на прес-конференција.
Зеленски во последен момент го откажа своето доаѓање на една од трите големи меѓународни конференции за Украина во Европа оваа година поради конфликт со полскиот претседател Навроцки. Тој му го одзеде на Зеленски полскиот Орден на Белиот Орел, бидејќи во мај Зеленски потпиша декрет со кој единица на украинската армија го доби името Херои на Украинската бунтовничка армија (УНА).
Навроцки, исто така, му се закани на Зеленски дека Украина нема да влезе во Европската Унија сè додека ги величи воените злосторници, украинските националисти, бидејќи нивната вооружена фракција, УНА, е одговорна за масовното етничко чистење на полскиот, но и чешкиот и еврејскиот живот во областа Волин, на запад од денешна Украина и во Галиција за време на Втората светска војна.
Единиците на УНА, кои се бореа за независноста на Украина против Црвената армија и повремено соработуваа со нацистите на Хитлер, се одговорни за масакрот во Волин во 1943 и 1944 година, кој Полска го означи како геноцид бидејќи во него беа убиени околу 100.000 полски цивили, жени и деца во селата од таа област.
Зеленски одби да го промени името на единицата, орденот подоцна самиот го врати и го потсети Навроцки дека истиот орден му е одземен, но со него и натаму се кити покојниот водач на италијанските фашисти, Бенито Мусолини, а кога избувна војната на ордените, своите ордени ан Белиот орел ги вратија и тројца поранешни претседатели на Украина.
Посетата на Гдањск ја откажа и сопругата на Зеленски, Олена, која требаше да учествува во дебата со студенти на Универзитетот во овој град.
-Разговарав многу пати и повторно апелирам до Навроцки, Зеленски, до сите наши и украински политичари и до сите луѓе со добра волја. Многу е лесно да се предизвика меѓусебна нетолеранција и агресија. Делиме болна историја, имаме над еден милион украински бегалци во Полска. Ова секогаш предизвикува конфликти, чувство на замор, неправда, го знаевме тоа од самиот почеток, рече денеска Туск.
Премиерот апелираше до сите политичари и граѓани во двете земји да настојуваат ѓаволот и тие демони од минатото повторно да не се се појават.
-Кога гледам што се случи во Европа, кога ги гледам Французите и Германците, нашето помирување со Германците, кое е сè уште тешко, велам дека помирувањето е како слобода, мора постојано да се чува. За да биде автентично, потребни се постојани напори од сите. Имаме сите предуслови да се помириме со Украинците, но врз основа на вистината. Украина мора да разбере дека вистинското помирување мора да се гради врз вистината, рече полскиот премиер.
Туск предупреди дека сега е последен момент Полјаците и Украинците да покажат како изгледа цивилизираниот соживот на народите, бидејќи секој човек со здрав разум знае дека кавгата меѓу Украинците и Полјаците е подарок за Путин и Русија.
-Немам намера да давам такви подароци, рече Туск.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
