Нови колони на Табановце: Отворени осум пункта за наплата на казни

По огромниот сообраќаен метеж и километарските колони што се создадоа на граничниот премин Табановце, надлежните воведоа дополнителна мерка за да се забрза постапката со странските возачи кои имаат неплатени сообраќајни прекршоци.
Од вчера на преминот се ставени во функција осум посебни пункта за проверка и наплата на казните евидентирани преку системот „Безбеден град“, познат и како „Сејф сити“. Мерката е воведена откако примената на системот за странските возила предизвика значително забавување на излезот од државата.
Кога странско возило ќе пристигне на Табановце, системот проверува дали за неговата регистарска ознака постои претходно евидентиран сообраќаен прекршок. Доколку има неплатена глоба, возачот се известува за прекршокот и се упатува на пунктот каде што може да ја регулира обврската.
Според информациите од терен, целата постапка за проверка и наплата трае околу 15 минути по возач, што во периоди со зголемен број патници може значително да влијае врз протокот на возила. Токму затоа се отворени дополнителните пунктови, со цел повеќе возачи истовремено да можат да ги завршат обврските.
Примената на механизмот за странските регистарски таблички започна на 19 август. МВР претходно соопшти дека на возачите кај кои „Безбеден град“ регистрирал прекршок им се издава записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог, согласно законската постапка.ж
Токму првите денови од примената покажаа дека новиот механизам може да создаде дополнително задржување на најфреквентниот северен граничен премин, особено во период кога голем број странски туристи транзитираат низ Македонија кон Србија и другите земји во регионот.
Ново на Сител
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
