Македонија
21. August 2026 - 16:34

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?

За гужвите на Табановце да бидат минато, МВР создаде веб-апликација со мобилен итнерфејс Безбеден град за странските државјаните. Отсега казните странците ќе може да си ги платат по елктронски пат, наместо да бидат запирани на граничниот премин и да се создаваат километарски колони како во изминатите два дена. 

Странските државјани може да ги вметнат податоците рачно или пак да ги скенираат патните исправи.

„Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа  и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата кои тој ги користи во нашата држава“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Со овој начин, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини. Во случај некој електронски да не си ја платил казната за сторениот прекршок, сепак ќе биде запрен на Табановце и ќе мора да си ја подмири казната. 

Во моментов апликацијата функционира само за странски државјани, но не и за македонските. Од МВР велат дека во наредните фази истата ќе биде надоградена и за нашинците, за да имаат подобар преглед во однос на сообраќајната историја на казни и прекршоци кои ги сториле.