Македонија
21. August 2026 - 12:19

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија

Со современиот македонски мјузикл „Као какао“инспириран од музиката на Влатко Стефановски, во режија на Дејан Пројковски, по текст на Венко Андоновски се спушти завесата на најпрестижната културна манифестација фестивалот Охридко лето. Четириесетте дена исполнети со музика, театар, балет и џез,привлекоа посетители од сите краеви ширум светот.

Директорот Цуцковски задоволен од 66тото издание истакна дека концертите, претставите и фестивалските вечери не беа само културни настани, туку вистински доживувања што ќе останат запаметени.

Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички концерти, театарски претстави, џез и балетска вечери, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји.