На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега

Од 19 септември нема нови случаи на хоспитализација на Клиниката за инфективни болести. Значи четврти ден нема нови случаи. Во моментов има 12 хоспитализирани пациенти на Клиниката. Од нив тројца се на интензивна нега и на кислородна поддршка, меѓу кои е и пациентот кој одамна е хоспитализиран и неизвесна е неговата здравствена состојба, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.
Тој посочи дека без или со епидемија ги преземаат истите мерки, истиот сет на активности кои продолжуваат и натаму и се врши дезинсекција во местото на живеење на пациентите кај кои е потврден вирусот изминатата недела.
Во меѓувреме, појасни, заврши последното прскање во Скопје и веројатно кога ќе ги сумираaт резултатите ќе ги презентираат пред јавноста, бидејќи Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направи уште една вонредна контрола на територијата на цела Македонија околу прскањето.
- Ќе ги сумираме тие резултати. Многу е тешко да се предвиди, бидејќи периодот на инкубација е два до 14 дена. Имаме општини каде воопшто не е прскано и нема ниту еден случај. Општините кои се во Повардарието треба да бидат попретпазливи. Има општини кои се меѓу трите каде има најмногу прскања и има случаи со западнонилска треска. Веројатно треба да ги споредиме искуствата од дома и во Грција, и да видиме што подобро прават тие. Во еден разумен период од три до пет години треба да го напуштиме аеропрскањето и да преминеме комплетно на прскање од земја. Периодот е неопходен бидејќи треба да се подготви механизацијата за тој тип работа. Има уште неколку искуства од Грција кои се добри да се применат. Работиме на нив со Центарот за јавно здравје, со Институтот за јавно здравје, рече Клековски.
Истакна дека ќе треба да се засилат и одредени казнени мерки за општините кои не постапуваат по лаборатите кои им се одобрени од страна на центрите за јавно здравје, иако тоа не е во скопскиот регион и со тие мерки треба да исклучат дека нема случаи ниту во Богданци, ниту во Валандово, ниту во други места.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
