Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
Измените на правилникот за боледување е да се спречат злоупотреби, а не да се кршат работничките права и да се нарушувааат достоинството и приватноста на граѓаните, посочи министерот за здравство.
Клековски смета дека 5 дена, наместо сегашните 7 од матичен биле доволни за докажување на болест, а контролата на движење според него треба да се уреди со закон, по најавите дека контролори од Фондот ќе проверуваат дали е дома лицето кое користи боледување.
-Имаме бројни злоупотреби и целта на измените е да се спречат злоупотребите. Ние имаме ситуации во кои луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
И министерот за внатрешни работи смета дека злоупотребите на боледувањата треба да се стават под контрола, но со почитување на законите и човековите права. Инаку токму во полицијата и одбраната Фондот за здравство контатирал најмногу неправилности за подолготрајно отсуство од работа.
-Сите мерки кои ќе се преземаат во насока на контрола на боледувањата треба да бидат согласно Уставот, законите, Европска конвенција за човекови слободи и права, сите меѓународни конвенции, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Минатата недела опозициската Левица во собрание најави предлог законски измени за уредување на заштита на работничките права, а боледувањето да не биде куќен притвор.
Инаку само во август ФЗО исплатил 10 милиони евра за боледувања, од кои 6.7 милиони се за породилно.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
