„Конклава“ најдобар филм на БАФТА наградите

Филмовите „Конклава“ и „Бруталист“ освоија по четири филмски награди на Британската академија (БАФТА), а „Конклавa“ беше прогласен за најдобар филм на вечерашната церемонија.
Ватиканскиот трилер „Конклава“, кој имаше најмногу номинации, освои и награди за најдобар британски филм, најдобро адаптирано сценарио и најдобра монтажа.
Наградата за најдобар режисер му припадна на Брејди Корбет за филмот „Бруталист“, а Адриен Броди е прогласен за најдобар актер за главната улога во тој филм, пренесува Ројтерс.
Наградата за најдобра главна женска улога ја доби Мајки Медисон и филмот „Анора“.
Наградата за најдобра споредна женска улога ја доби Зои Салдања и филмот „Емилија Перез“. Додека најдобрата споредна машка улога ја освои Киеран Калкин – „Вистинска болка“.
Најдобра режија добива Брејди Корбет за „Бруталист“. Додека наградата за најдобро оригинално сценарио ја доби Џеси Ајзенберг за филмот „Вистинска болка“. Наградата за најдобра шминка и фризура ја доби „The Substance“, додека наградата за најдобра костимографија ја доби „Wicked“. Наградата за најдобро адаптирано сценарио ја доби Питер Штроган за „Конклава“.
Наградата за најдобра кинематографија ја доби филмот „Бруталистот“. Најдобар британски филм е „Конклава“ – Едвард Бергер, Теса Рос, Џулиет Хауел, Мајкл А. Џекмен, Питер Страган.
Филмот на Жак Oдиар „Емилија Перез“ ја доби наградата за најдобар филм на неанглиски јазик. Целосната листа на добитници на БАФТА наградите можете да ја погледнете на следниот линк: https://variety.com/2025/film/awards/bafta-film-awards-2025-winners-list-1236302717/?utm_source=Klix .
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
