-->
-->
Хамилтон: Помотивиран сум од било кога да завршам со Мерцедес на врвот
-->

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон на крајот на годината ќе го напушти Мерцедес и ќе премине во Ферари. Сепак, Британецот уверува дека е цврсто решен да постигне успех во 2024 година.
– Помотивиран сум и фокусиран од кога било. Сигурно не би помислил дека во оваа фаза од мојот живот ќе го почувствувам гладот што го чувствувам сега. Завршувањето на високо ниво би било остварување на сонот. Поминавме толку многу заедно. Ако можам да му помогнам на тимот да се врати на врвот, тоа ќе биде најголемиот момент, изјави Хамилтон по вчерашната промоција на новиот болид на Мерцедес.
По завршување на сезоната 2024, Хамилтон ќе се пресели во Ферари.
Првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе се одржи на 2 март во Бахреин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
