Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
Македонија под вршник. Високите температури го кренаа алармот – земјата е во портокалова предупредувачка фаза. Сојузот на Синдикати побара од работодавачите намалување или целосен прекин на работа на отворено од 11 до 17 часот и обезбедувањље услови што нема да го загрозат здравјето.
-Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички, велат од ССМ.
Лекарите, пак, предупредуваат кои се здравствнеите ризици од пеколно жешкото време.
- Доминантна патологија која циркулира деновиве се мозочните удари, тука се колапсните состојби, губењето свест, проблеми со вртоглавици, апсолутно – варијации на крвниот притисок бидејќи физиолошки е на вакво топло време да губиме поголема количина на вода, крвните садови се прошируваат и затоа е многу важно да се почитуваат препораките на ИЈЗ за да се внесува доволна количина на течност, изјави доц. Д-р Јован Божиновски, директор на Клиниката за Неврологија.
Директорот на неврологија вели дека изминатиот период има неколкукратно зголемување на бројот на пациенти на клиниката и затоа според него е многу важно почитување на советите на лекарите. И покрај апелите, денес на пладне на пазар и оние што поднесуваат топло, но и повозрасни кои морале да излезат.
За возрасни со повеќе хронични заболувања кои во 12 часот кога е најтопло одат на пазар, лекарите велат дека е сериозен ризик од повеќе здравствени компликации.
- Од најблаго кажано колапс – заради жешкото време, дехидратацијата и пад на крвниот притисок а сето тоа носи ризици од одредени повреди најчесто фрактури на бутна коска. Тоа се ризици што ги носи едно такво излегување, кое може да кажам слободно, е непотребно во тоа време, вели д-р Божиновски.
Лекарите предупредуваат дека кога е топло, течности мора да се внесуваат во текот на целиот ден а не само кога ќе се појави жед.
- Пеколните горештини ќе траат уште два дена. Толку време треба повозрасните, хроничнио болните и другите ризични групи да не излегуваат кога е многу топло и да ги почетуваат советите на лекарите.
Освен во земјата, многу високи теператури има и во регионот.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
