Џонов: Противниците на Европското се екстра квалитетни

Македонските ракометари ги завршија подготовките и тренинзите во Скопје, до почетокот на Европското првенство ќе одиграат три натпревари на турнир во Швајцарија, а потоа патуваат за Данска. Во земјата домаќин на шампионатот се планира одигрување на уште еден контролен дуел, против екипа од данските лиги.
- Турнирот во Швајцарија е најважен во овие подготовки. На овие три дуели треба да видиме и да имаме реална слика до каде сме и колку ќе функционира, дали и каде ќе грешиме. По турнирот имаме неколку денови на кои можеме да се поправиме ако биде потребно. Противниците на шампионатот се екстра-квалитетни. Не треба да трошиме зборови за Данска, а и Португалија е многу квалитетна и во последните години завршува меѓу најдобрите на турнирите. Романија е исто така селекција којашто не смее да се потцени. Наше е да се бориме на секој натпревар, да бидеме најдобрата верзија од себеси за да ја претставиме Македонија во најдобро можно светло, изјави Иван Џонов.
Македонскиот тим првиот дуел на шампионатот во Хернинг го игра на 16.јануари против Данска.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
