-->
-->
Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-->
Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ информираше дека УЕФА ќе оствари официјална посета на земјава, при што домаќини се претставниците на македонскиот фудбал.
Во рамки на посетата, во Скопје ќе престојува претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, што претставува значајна потврда за силната соработка и континуираната поддршка што европската куќа на фудбалот ја дава на домашниот фудбал.
Како што посочи Омерагиќ, на средбите ќе се разговара за конкретни чекори насочени кон унапредување на инфраструктурата, како и за развојот на младинските категории – клучни сегменти за иднината на македонскиот фудбал.
„Продолжуваме со работа и со јасна визија за напредок на македонскиот фудбал“, порача Омерагиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
