Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
Силниот пожар кој вчера избувна кај Сивири беше причина за итна евакуација на туристите. Добивале инструкции од грчките власти каде можат да се сместат, а дел од нив побарале да се вратат дома. Од македонското дипломатското претставништво во Солун информираат дека вчера асистенција побарале 5 семејства, кои потоа биле упатени кон најблиските точки за згрижување. Останатите, ги следеле упатствата од властите и дел од нив со автобус, организиран од туристичката комора, денеска ќе се вратат дома.
Состојбата денеска се нормализира. Струја од утринава има во Сивири, и дел од туристите се вратија на плажите. Од Комората велат дека сите граѓани кои планираат деновиве да летуваат на оваа локација, можат слободно да патуваат.
Од македонското МНР апелираат – внимателно да се следат упатствата од грчките власти. Сите државјани кои се наоѓаат во погодените подрчја и имаат потреба од помош, да се обратат на дежурните телефонски броеви на министерството. Исто така, македонците кои летуваат во Хрватска, во подрачјето на Омиш, можат да побараат помош во македонската амбасада во Загреб. Иако до овој момент, асистенција не побарал ниту еден граѓанин.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
