-->
-->
Лукаку: Чест и привилегија е да се настапува за Фенербахче
-->

Напаѓачот на белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку, го коментираше својот трансфер од Наполи во Фенербахче.
- Чест и привилегија е да се приклучам на овој клуб. 100 проценти сум подготвен да започнам ново поглавје. Ова е емотивен момент. По многу години, се враќам во Турција – земјата каде што живеев како дете и каде што од мојот татко бев запознаен со професионалниот фудбал уште на рана возраст, рече Лукаку во порака до навивачите на Фенербахче објавена на социјалните мрежи.
Минатата сезона, 33-годишниот Белгиец настапи на само седум натпревари за Наполи, постигнувајќи еден гол.
На Светското првенство во 2026 година, тој постигна три гола и имаше три асистенции во шест натпревари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
-

Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино
-

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро
-

Скопјанец пронајден мртов во својот дом, полицијата ги утврдува околностите
