Loading Video...
Балкан
14. August 2026 - 16:44

Голем пожар во туристички места во регионот

Двете најголеми туристички дестинации на Балканот, Грција и Хрватска во пламен. Халкидики со денови се бори со голема огнена стихија. Грчките власти активираа највисок степен на тревога на Халкидики. Најкритично беше во Сивири и Фурка, каде интевернираа над 200 пожарникари. Сомнежите се дека причина за пожарите е искра од далновод.  

Пожарот беше причина и за итна евакуација на туристите по воден и земјен пат. Дел од локалното население, но и туристите беа принудени да преноќат под отворено небо.

Најдраматично во текот на ноќта беше во Хрватска, кај градот Омиш. Пожарот однесе најмалку еден човечки живот. Хрватската полиција соопшти дека пронашла безживотно тело во близина на Омиш на опожарена површина. Над 40 луѓе се повредени, од кои 14 се хоспитализирани, седуммина се на респитарот. 2.000 туристи и жители беа итно евакуирани, дел од нив беа спасувани и од морето бидејќи таму барале спас од пожарите.  

Пожарот беше огромен. Пред мене имаше група Германци чиј автомобил се запали. Патот беше блокиран, па не можев да поминам кон Омиш. Влегов во автомобилот што гореше. Немаше клуч. Со ногата го истуркав запаленото возило настрана за да можам да поминам со мојот Мерцедес и да продолжам кон Омиш, вели жител на Омиш.

Пожарот стигна и до центарот на градот Омиш, пеплосувајќи куќи, автомобили, чамци…